Двосмислените изјави на ВМРО ДПМНЕ повик на бојкот?!

Очекувањето на  ВМРО ДПМНЕ, мнозинството граѓани во недела да останат дома, во јавноста се толкува како отворен повик за бојкот на референдумот. Сомнежите дека официјалниот став е всушност параван за неизлегување на гласање, ги засили партискиот потпретседател, Александар Николоски, со вчерашната изјава пред граѓаните на Центар и Сопиште, во која се повика на „впечатоците од средбите на терен“.

Од партијата негираат дека се работи за повик на бојкот.

Николоски, како и партискиот претседател, одбива да каже како ќе постапи на референдумот. Објаснувањето и на двајцата е дека не сакаат да влијаат врз гласачите иако постојано даваат двосмислени изјави во јавност. Во меѓувреме, пратеничката група, како и членовите на Извршниот и Централниот комитет излегуваат во јавноста со различни ставови. Едни отворено повикуваат на бојкот, други се за гласање „против„, додека трети се воздржани.

Од партијата секојдневно обвинуваат и дека СДСМ подготвуваат фалсификување на волјата на граѓаните и дека вршат  притисоци врз администрацијата да гласа. Партискиот портпарол денеска обвини дека, Министерството за финансии деновиве ќе  објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра и дека парите ќе бидат искористени за масовен поткуп на гласачи.

 

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ