
Двомесечната суша ја одложува есенската сеидба
Виските температури на крајот од октомври се влијание на глобалното затоплување, сметаат експертите. Долгите сушни периоди и високите температури во есен не се добра основа за сеидба на житните култури. Токму затоа доцни есенската сеидба во струмичко.
Според експертите станува збор за влијание од климатските промени. Ваквите влијанија се резултат на глобалното затоплување кое се чувствува и во нашата земја
За квалитетни приноси на житните култури неодминливо е и ѓубрењето на почвата во есенскиот и во пролетниот период. Според Ивановски, ѓубривата можат да овозможат максимизирање на количините но и на квалитетот.
Агрономите потсетуваат дека за еден д екар земја потребно е од 25 до 30 килограми семе доколку е купено, а домашното запрашено семе треба да биде од 30 до 35 килограми за еден декар површина.
Сузана Мицева