Две медицински лица од кумановската болница по втор пат позитивни на корона вирус

Две медицински лица од кумановската болница по втор пат се позитивни на корона вирус. Ова за Телма го потврдува и директората на болницата Снежана Захариева која вели дека и тие како медицинари се изненадени од оваа ситуација. Првата е  медицинска сестра од хирургија која уште на почетокот на април се утврдило дека е позитивна откако се вратила од странство. Но таа немала никакви симптоми и после две недели добила два негативни тестови. После некое време почнала да развива симптоми, што повторно укажувале на ковид.  Откако се тестирала се покажало дека е позитивна по втор пат.  Во вториот случај се работи  за болничарка на очно која се лекувала од корона вирусот во домашни услови но симптоми имала и примала терапија. Откако се излекувала отишла да донира плазма. Но на проверките кои се прават пред да се донира плазма излегла повторно позитивна. Според кажувањето на директорката таа сега е со благи симптоми.

  • Жената која беше со симптоми уште при првите индикации беше отстранета од работа и тоа уште пред да се направи тест кој подоцна излезе и позитивен. И рековме да појде да се лечи бидејќи не и беше добро. Другата која е на очно немаше симптоми, но и немаше и некои контакти со пациенти освен кога има оперативен програм, но во овој момент нема се е откажано. Немаше симптоми поради кои би ја изолирале, вели Снежана Захариева – директор на Општа болница – Куманово

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се уште се истражуваат овие случаи во Куманово. Ако се потврдат ќе биат први во земјава.

Инаку според информациите од болницата болничарката на очно била меѓу првите заразени и тоа заразена од првиот смртен случај во земјава, жената која беше откриена посмортем дека е позитивна на ковид. Болничарката била на испомош во инфективното одделение. Сега токму таа се впишува во статистиката на прв регистриран повторен случај во земјава.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ