Две кривични пријави за инцидентите на Мечкин Камен

Во врска со инцидентите од прославата на Илинден во Крушево полицијата поднесе две кривични пријави против М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19), двајцата од Битола. Се сомничат за  кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Од МВР соопштија дека на 2 август на распит се повикани повеќе лица и по документирањето на случаите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пријавените лица организирано присуствувале на прославата како дел од група составена од навивачи од повеќе навивачки групи. За време на положувањето на цвеќе од страна на присутните делегации провопријавениот М.Д., второпријавениот Ѓ.Д. и други лица, стоејќи во непосредна близина до ВИП ложата, спроти бината каде се одржувала манифестацијата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ