Две години оџаците не Југохром не чадат, вработените се надеваат дека ќе проработи

Точно две години оџаците не Југохром не чадат. Фабриката е под клуч, вработените сега поранешни седат во селските кафулиња и се уште се надеваат дека фабриката, единствениот извор на егзистенција во овој регион ќе проработи.

Разочарани ретко кој од нив сакаше да зборува пред камера. Ни раскажаа дека полoвина од нив седат дома, останатите се под завод, некои земаат материјална помош преку законот за стечај, а ретко кој од нив се вработил

Од раководството на Југохром, велат дека рестартирањето на фабриката се одолжило, поради бавното градење на филтер станицата, која е услов Југохром да го почне производството.

Уверуваат дека ќе го стартуваат производството најдоцна до април наредната година.

Владата им ветила дека за неколку недели Македонската банмка за подршка на развојот ќе им одобри кредит од 1,5 милиони евра, потребни за дозиградба на системот за отпрашување

Техничкиот директор на Југохром Славко Стојчески, вели дека филтер станица ќе биде наменета за двете големи печки на комбинатот кои произведуваат половина од вкупниот капацитет.

Со изградбата на системот за отпрашување и пуштањето во погон на двете печки, на работа ќе се вратат околу петстотини лица, ќе се намалат трошоците за одржување  а од остварениот профит ќе се гради друг ситем за отпрашување за останатите два помали погони, со цел да се вратат сите отпуштени работници чија бројка достигнува и до 900 – тини лица,

Од Синдикатот на Југохром пак ќе бараат дозвола фабриката да го почне производствениот процес, паралелно со изградбата на системот за отпрашување.

По приватизацијата на комбинатот, вработените во Југохром речиси две децении живеат во егзистенцијална неизвесност. Повеќе пати комбинатот бил затворан поради финансики проблеми, скапа струја и на крај пред две години државата му стави катанец поради неисполнување на еколошките стандарди за работа.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ