
Двата џина на домашната политика
За доминантните лидери во домашната политика, оваа година завршува со песна.
Поддржувачите на едниот му порачаа да не ги остава.
Тој се согласува. Па и партизаните не би ја добиле војната да не го имаа – Бошко Буха.
Поддржувачите на другиот му порачаа дека треба да го пополни местото на „херој во нивните срца“.
Пораката го стопли и неговото срце, но тој останува скромен.
Во партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ, се тргаат сликите од „херојските битки“ на поранешниот лидер. Дали тоа значи дистанцирање од Будимпешта или блеф за меѓународната јавност, не е математички прецизирано.
Во годината што измина, едниот од лидерите имаше многу впечатливи изјави. Не е едноставно да се одбере што беше исказ на годината:
Или ова
Или можеби ова
Вториот лидер – речиси безгрешен. Упс!
Без грешка, освен понекогаш…
А понекогаш и нејасен – што поддржува, што не поддржува.
Неизвесно е кој ќе формира Влада по 12-ти април, но извесно е кој си заминува од неа. Чао, чао!
За континуитетот во наредните 100 дена ќе се грижи близок партиски соработник. Од 3-ти јануари па се додека не затопли во техничка смисла, тој ќе раководи од „Илинденска“.
Соња Николовска