
Двата блока на РЕК Битола вратени во функција по вчерашниот дефект
Вака изгледа чадот од оџаците во РЕК Битола, кога не работат електростатските филтри. Ова се случи вчера околу 14 часот кога најголемиот производител на електрична енергија остана без струја поради дефект во трафостаницата на МЕПСО, па без напојување останаа и филтрите. Од РЕК велат дека спорниот момент на испадот на елекстростатските филтри траел само неколку минути.
Поради дефектот во трафостаницата на МЕПСО, од електроенергестскиот систем испаднаа два блока на РЕК Битола, а од таму соопштија дека кај нив не се детектирани проблеми. Едниот блок во мрежа беше вратен синоќа, а другиот утрово и испорачуваат електрична енергија согласно потребите, а филтрите се повтроно во функција, информираат од комбинатот.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини актуелната власт дека нема капацитет да обезбеди нормално функционирање на најголемиот производител на струја, РЕК Битола.
Инаку битолското јавно обвинителство во септември годинава поднесе обвинение против поранешен директор на комбинатот кој на оваа функција бил од 2015 до 2017 година за кривично дело загадување на животната средина.
Емилија Мисирлиевска