Дванаесет денови нема трага од 16 годишната Благица од село Смоларе

Дванаесет денови нема трага од 16 годишната Благица од село Смоларе, струмичко. Семејството е очајно и бара помош од полицијата но и од граѓаните да се пронајде нивната ќерка и внука. Исчезнала на 24 минатиот месец кога семејството било на ручек во ресторанот во селото и не се вратила. Се сомневаат дека е со некое момче во селото Баница, но засега нема никакви информации.

 

Втора недела девојчето не се вратило дома, ниту се јавило дали е добра и безбедна. Дедото вели дека Благица со родителите живее во Германија, но била дојдена на летен одмор. Бараат полицијата да помогне и да се провери каде е малолетното девојче.

 

Од СВР Струмица кусо одговорија дека надлежната служба работи на пронаоѓање на девојчето. Не ги коментираат сомнежите на семејството каде е Благица, ниту дали ја барале на посочената локација.

 

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ