
Двајцата штипски тепачи да добијат казна по две и пол години
Признавањето на вина, израување на каење, како и дека досега немаат криминално досие е олеснителна околност за двајцата штипски тепачи да добијат казна по две и пол години, наместо максималната од пет години затвор, ова денеска во судницата го образложи судијата во штипскиот Основен суд.
На објавување на пресудата присуствуваше 21 годишната девојка, која во јануари била малтретирана и тепана. Насилството почнало од куќа, а потоа продолжило во влезот на станбената зграда.
Нивното грубо насилство, го виде цела јавност на социјалните мрежи. Бранителката на жртвата се надева дека казната ќе делува врз обвинетите, да сфатат што сториле, да се покајат, но и да се подобрат како личности.
Адвокатот на 23 и 26 годишните сторители на насилството, Валентин Зафиров оцени дека казната е висока, а дали ќе ја обжолат на повисокиот суд ќе треба да ја види на писмено, но и да се консултира со двајцата клиенти, кои се во истражниот затвор во Куманово, а судијата денеска им ја продолжи мерката притвор.
Викторија Јованова