
Двајцата антикорупционери не се на работа, оставка не даваат
Антикорупциска стави клуч на врата откако петмина од седумтемина членови си поднесоа оставки а останатите двајца никаде ги нема. Телма се обиде да ги најде Сузана Таскова Аџикотарева и Најдо Спасевски за да ги праша зошто не поднесуваат оставки по примерот на нивните колеги и логично беше да ги побараме на нивното работно место. Но, портирот на врата како прв пат да слуша за нив, па ги бараше во списокот на вработени.
Клуч на врата како да има и Секретаријатот за односи со јавност. Портпаролката тврдеше дека нема информации каде се двајцата антикорупционери. На прашањата кои и ги поставивме за тоа дали е е точно дека Ристова Аџикотарева потрошила околу 37 илјади денари за такси превоз од дома до работа, а Спасевски дека не доаѓал воопшто таа рече дека повеќе нема овластување за давање на информации.
Согласно деловникот за работа, за информирање на јавноста одлучува самата Комисија, а имајќи ја предвид фактичката состојба, со оставката на Претседателот и четворицата членови, Секретаријатот нема овластување да одговара на новинарски прашања.
Сепак преку портпаролката антикорупционерката Ристова Аџикотарева побара прашања на службен маил. Сепак не одговори дали можеби е на годишен одмор или на боледување па поради тоа не е на работа, и дали се точни информациите поврзани со неа. НА својот мобилен телефон не одговараше ниту Нaјдо Спасевски. Тие се единствените кои не поднесоа оставки после објавувањето на ревизорскиот извештај во кој спорно беше трошењето на буџетот на комисијата и објавени беа можни злоупотреби.
Билјана Николовска