Двајца заболени од Ковид- 19 во просветниот инспекторат – одложен надзорот за избор на ректор

Потврдена се двајца позитивни на корона вирус со извршен тест, од Државниот просветен инспекторат. Се работи за вработени во администрација. Сега трае епидемиошката анкета во ДПИ, за утврдување на контактите , по што ќе се знае, колку од вработените ќе одат во самоизолација, покрај двајцата заболени, вели директорот Спировски.

  • Еден од нив е пријавен во вчерашната бројка на новозаболени, а другиот заболен вработен ќе влезе во статистиката за денеска. Двајцата се без симтоми , но веќе се наоѓаат во самоизолација, согласно препораките на Центарот за јавно здравје. Во моментов во ДПИ трае епидемиошка анкета, за да се утврдат контактите и да се определи евентуалниот дополнителен бројот на вработени кои ќе одат во самоизолација, доколку контактирале со заболените, вели Томе Спировски – директор на Државен пшросветен инспекторат.

Од страна на Спировски е издаден налог за вршење инспекциски надзор на преставката од НАКС, за започнатата постапка за избор на нов Сенат на УКИМ, од страна на актуелниот ректорот Никола Јанкуловски. Но, таа и постапката за избор на нов ректор, што ја побара ДКСК, ќе продолжат по надминување на здравствените проблеми со  вработените, додава директорот на ДПИ. Академскиот синдикат реагираше за, како што рекоа, манипулацијата од Јанкуловски, за паралелен избор со скратени рокови, на сенатори и ректор во време на вонредна состојба, што е спротивно на Статутот на Универзитетот, ЗВО и Уредбата на Владата за продолжување на мандатите на тела и органи на управување во високообразовните институции, во вонредна состојба. Тие ја повикаа академската заедница на дело да ја покаже зрелоста и да ги спречи активностите за непотребно организирање собири и непотребни контакти деновиве кога бројот на заболени од корона вирус, рапидно се зголеми и постои ризик од ширење на заразата.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ