
Заболените од коронавирус се вратиле од Италија со автобус во кој имало 40 патници
Сопружници од Дебар, се двајацата новозабоелени од коронавирусот во македонија. Станува збор за мажи жена на 62 и 68 годишна возраст, кои од Италија со автобус се враќале во Македонија. Во автобусот имало 40-тина патници, кои се симнувале во Куманово и во Скопје. Сопружниците на 2-ри март се јавиле кај матичниот лекар со благи симптоми, по што епидемиолозите ги тестирале и тестовите се позитивни. Единствен со кој имале контакт бил братот на жената. Засега сопружниците се во изолација, а дополнително ќе се одлучи дали да го изолираат човекот со кој контактирале.
Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната вонредна конференција рече дека во автобусот најризични се првите три и задните три реда на патници кои седат од заболените. Сите патници се контактирани, но како што рече Филипче, второлиниското пренесување е многу помалку веројатно од директниот контакт.
Во Скопје преку граничниот премин Деве Баир веќе пристигнал и автобусот со 20-тина патници од Сингапур, и патниците се сите интервјуирани и се во добра здравствена состојба.