Двајца вработени во Лекарската комора заболеле од коронавирус додека биле на одмор

Двајца вработени во Лекарската комора се позитивни на коронавиру. Од Лекарската комора притоа информираат дека двајцата вработени во периодот кога се заразиле со Ковид-19 не оделе на работа, поточно дека речиси две недели користеле годишен одмор.

За Телма од Лекарската комора информираат дека сепак по добиените информации дека нивни вработени се позитивни на Ковид-19, во соработка со Центарот за јавно здравје – Скопје направена е епидемилошка анкета, тестирани се сите вработени, чии тестови покажале негативен наод на коронавирусот. Од Лекарската комора притоа информираат дека поради тоа немало прекин во нивната работа и оти таа непречено продолжува.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ