Двајца убиени во воружен грабеж на казиното „Вегас“ во Качанички пат

4,47 часот рано утринава. Четворица добро вооружени и маскирани  напаѓачи влетале во казиното Вегас лоцирано на патот Скопје- грараничен премин Блаце. Во казиното имало многу гости  – видно вознемирени. На патот им налетал 22 годишен државјанин на Косово кој во гужвата се обидел да избега. Тој е првата жртва, бил убиен со огнено оружје на лице место. Откако напаѓачите ги земале парите од казиното, човек од обезбедувањето на казиното, 20 годишен жител на Крушопек, кој според информации на Телма бил спортист-борач, се обидел да ја тргне маската на еден од напаѓачите. Бил убиен со удар со пушката.

  • Во 04.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х. (22) од Косово, кој починал на местото. Б.Н.(20) од с. Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Луѓето кои ги сретна нашата екипа пред казиното Вегас не сакаа да зборуваат пред камера за немилиот настан. Наидовме на другари на убиениот борач од Крушопек, кои беа видно потресени. Вработените на бензинската пумпа пак лоцирана во близина на казиното велат дека се било добро смислено и се одвивало внатре – никој не слушнал пукање.

Напаѓачите пешки преку нивите стигнале од задниот дел стигнале до казиното. А избегале пешки преку улицата пак накај нивите, каде најверојатно ги чекало возило. Ова според извори од истрагата  го покажале надзорните камери на објектот. Се гледало и возило кое им блиндира на вооружените напаѓачи за да не ги прегази додека претрчуваат преку улицата. Колку пари се одземени од казиното, за сега никој не открива. Инаку ова не бил прв грабеж на казиното. Имало уште еден пред неколку месеци, во кој никој не настрада. Тогаш во јавноста излегоа и снимки од камерите во објектот, а неофицијално беа одзермени околу 80.000 евра. Тогаш и сопственикот апелираше до МВР побрзо да трага по сторителите.

 

Александра Филиповска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ