
(видео) Двајца странци изолирани во хотелска соба во Скопје, се чекаат резултати од коронавирус
Двајца странци во моментов се изолирани во соба во хотелот во кој престојуваат во Скопје, и се чекаат резултати за евентуално присуство на коронавирусот, изјави министерот Венко Филипче на денешниот брифинг. Кажа дека двајцата пристигнале на 28 февруари во земјава, со авион на Визер, едниот од Австралија, другиот од Сингапур. Двајцата се пожалиле на симптоми слилни на настинка која им траела веќе три дена, и поради тоа се повикани епидемиолози, кои ги земале брисевите и се чекаат резулатати.
Филипче рече дека до Владата ќе достави предлог, масовните собири, јавни настани и спортски натпревари да не се одржуваат уште една недела. Оваа мерка е како резултат на се поголемото ширење на болеста во Европа, изјави Филипче.
Се презема уште една дополнителна мерка, а тоа е дека во договор со сите мобилни оператори, на странците кои ќе пристигнат во земјава и кога ќе се приклучат на една од нашите мобилни мрежи, веднаш да им се испрати СМС порака со содржина за превентивните мерки кои треба да ги почитуваат против ширењето на корона вирусот.