Двајца повредени се борат за живот во Клиничкиот центар

Долга, тешка, исцрпувачка ноќ во Ургентниот центар.  Возилата на итна помош пристигаа носејќи тешко повреднени патници од автобусот а десетици лекари и медицински персонал забрзано ги примаа и подготвуваа за оперативни зафати. Пеколното темпо траеше до рано изутрина. Четири тима во четири сали за операција истовремено се обидуваа да ги спасат животите на повредените.

Двајца повредени патници сеуште се во критична состојба а лекарите се борат за нивните животи. Едниот од нив денеска повторно ќе биде опериран во обид да се стабилизра неговата состојба.

Малку надеж, кај докторите но и јавноста, внесува состојбата на триесетгодишната гостиварчанка, бремена во петиот месец. Таа беше примена со тешки повреди на главата и рбеттот но лекарите успеаа да ја стабилизираат нејзината состојба. Таа и нејзиниот плод се надвор од животна опасност.

Според последните инфромации, трудницата е веќе префрлена на клиниката за Гинекологија и акушерство каде лкарси тим ќе на мониторира нејзината но и состојбата на плодот.

Вчеравечер во Ургентниот центар беа донесени осуммина повреднеи патници, повеќето со тешки повреди и во критична состојба. Вечерта беше донесен уште еден повреден од Градската болница а утрово и патник кој бил хиспитализиран во тетовската болница но побарал да биде преместен во Скопје. Нивната здравствена состојба е стабилна и не се во животна опасност.

Двајца патници од автобусот кои вчера беа примени во Ургентниот центар а кои имале за среќа полесни повреди, утрово, на нивно барање, се пуштенои на домашно лекување.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ