Двајца поранешни владини функционери под истрага за злоупотреба на службена положба

Скопски адвокат наплатил 22 илјади евра за правна студија за енергетика, а никогаш не ја изработил. Парите се исплатени откако заменик министер за економија во 2016-та го потпишал налогот за исплата по договорот потпишан од тогашниот генерален секретар на Владата.

Јавното обвинителство денеска објави дека и за двајцата функционери е отворена истрага за злоупотреба на службената положба и штетата нанесена на буџетот. Првооосмничен е екс генерален секретар на владата кој изготвил образец за изработка на правно мислење од областа на енергетски суровини, но авторот иако требало да ја направи за еден месец не ја извршил задачата. Заменик министерот е второосомничен затоа што иако знаел дека работата не е завршена одобрил исплата на хонорарот од 22 илјади евра. Во тоа време на позициите генерален секретар на владата и заменик министер беа Кирил Божиновски и Христијан Делев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ