Прв полицаец, жртва на КОВИД19-двајца починати од коронавирус во Куманово

Уште двајца пациенти од Куманово починаа од коронавирус, потврди вечерва во Топ Тема градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој не кажа на која возраст се починатите, ниту дали починале во кумановската болница, или на инфективната клиника во Скопје.

52 годишен полицаец од Куманово денеска починал, а вчера му било утврдено дека е заболен од коронавирус. Според информациите на Телма полицаецот бил ангажиран на новиот граничен премин Белановце кон Косово.
Последните десетина дена не одел на работа, на 25-ти март земал слободни денови бидејќи не се чувствувал добро. Вчера откако ги добил позитивните резултати на Ковид-19, била погребана и неговата мајка за која не е познато дали била заразена.
Ова е прв полицаец кој подлегна на Ковид-19, а погребот поради состојбата најверојатно ќе се изврши без полициските почести за починат припадник на МВР.

Неговите колеги од преминот се во домашна изолација.

Втор починат како што објави СДК е свекорот на заболената родилка која минатата недела се породи на скопски ГАК. Родилката е префрлена на Инфективна клиника, а бебето е негативно на корона вирус и остана во Гинекологија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ