
Двајца патници од несреќата во Ласкарци се во тешка здравствена состојба
Двајца патници од несреќата во Ласкарци се во тешка состојба во скопските болници. Другите 11 кои се хоспитализирани се стабилни и се чувствуваат добро, потврдија од Министерството за здравство.
Во Градската општа болница Осми септември се згрижени најмногу од повредените – вкупно осум на број, од кои едниот е критичен. Од тројцата кои се на КАРИЛ, исто така еден е во критична состојба. На неврохирургија еден е со полесни повреди и се наоѓа во стабилна состојба, а пациентот кој е на трауматологија денес ќе биде пуштен да се лекува дома.