Двајца параглајдеристи загинаа при судар во воздух во Крушево

Искусните летачи со параглајдери вината зе честите несреќи со летачи на параглајдери и делта плани во Крушево ја гледаат во лошата организација и во нивото на летачите на кои им се дозволува летање од Мечкин Камен. Иако, теренот во Крушево важи за безбеден, во последните неколку години се случија повеќе несреќи  во кои животот го загубија искусни пилоти. За вчерашниот судар во воздух на двајцата параглајдеристи во кој животот го загубија параглајдеристи од Украина и Велика Британија, Мендо Велјановски, еден од поискусните летачи со параглајдер кај нас вели дека ваквите судари се ретки, но се случуваат ако не е добро организиран настанот.

На Мечкин камен, вчера во 12.30 часот  дошло до судир во воздух помеѓу двајцата параглајдеристи од Украина и од Велика Британија. На самото место починал 56-годишниот параглајдерист, турист од Украина, а параглајдеристот од Велика Британија на возраст од 54 години набрзо им подлегнал на тешките телесни повреди во прилепската болница. Несреќата се случила за време на одржувањето на натпреварот за параглајдери British Open Championship 2018.

Прилепското обвинителство прибира докази за истрагата за несреќата

Телоп:  Во насока на расветлување на настанот издадена од Основното јавно обвинителство – Прилеп издадена е наредба за обезбедување на траги и докази, наредба за симнување на видео запис и наредби за исчитување на податоците од лајф-трекер системите на параглајдерите.

Минатото лето, во Крушево, во само еден месец загинаа четворица искусни параглајдеристи. Полетувалиштето на Мечкин Камен е европска мека за параглајдеристите и летачите со делта план од целиот свет.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ