Двајца обвинети за 27 април излегуваат од притвор

Кривичниот суд ги прифатил гаранциите и им го укинал притворот на шефот на обезбедувањето на Велјановски, Горан Ѓошевски и екс-началникот во МВР Оливер Поповски обвинети за 27 април.

Од Шутка ќе излезат доколку овие одлуки бидат потврдени, односно откако ќе станат правосилни, и во катастарот ќе биде впишана гаранцијата која е во имот, објаснуваат од кривичен. Заради обезбедување на присуство на двајцата обвинети им се определуваат и мерки за претпазливост.

Претходно и екс министерот за внатрешни Чавков во жалбата до Апелација поднесе гаранција во имот, но тогаш од судот рекоа дека му го отфрлиле предлогот бидјеќи ја немал потребната документација.

Од судот информираат и дека на обвинетиот Захарие Симовски притворот му е заменет со куќен притвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ