Двајца мртви, еден на интензивна по престрелката во центарот на Скопје

Двајца мртви, еден хоспитализиран на КАРИЛ, ова е исходот од синоќешната престрелката во центарот на Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телата на двете лица убиени во престрелката на „Рузвелтова“ се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а возилото „сеат алтеа“ во кое се превезувале е подигнато за вештачење, соопшти Јавното обвинителство на РМ.

ЈОРМ информира дека на местото на настанот биле подигнати 25 чаури, траги од крв, облека од убиените и од третото повредено лице и други докази кои со наредба на јавен обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

„30 минути по полноќ на Ургентен беа донесени три лица повредени од огнено оружје. Од кои на едниот веднаш му беше констатирана смрт, а другите двајца беа хоспитализирани на КАРИЛ со животно загрожувачки повреди, од кои едниот два часа после прием и покрај сите напори на медицинските тимови им подлегна на повредите, додека кај третиот пациент беше интервенирано хируршки во текот на ноќта. Неговото лекување продолжува во одделението за интензивно лекување, информираше за Телма д-р Алберт Леши од Ургентен центар.

Смртта на двајцата учесници во инцидентот се потврдува и во полицискиот извештај: На 29.09.2018 год. во 00,30 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на СЈО пукано е во ПМВ „Сеат Алтеа, каде што во возилото биле лицата Наим Аети (1974) од ул.„Методија Андонов Ченто“кој од здобиените повреди од истрели починал на лице место, а додека лицата Ф. Е. (1999) и А.П. (1969) со возила на ИМП се пренесени во клиничкиот центар при комплексот-клиники „Мајка Тереза“, каде А.П. подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велта од МВР.

Вооружена криминална синоќа започна престрелка на улица Рузвелтова, во близина на крстосницата со улица Орце Николов при што беше убиено едно лице. Се започнало пред зградата на СЈО, кога едно возило во движење почнало да пука врз сиво возило во кое бил загинатиот.

Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Едно лице починало на местото на пукотницата, а двајца биле повредени. Како што информираше Телма, телото на загинатиот и ранетите во престрелката се пренесени на Клиничкиот центар.

Неофицијално, починатиот е брат на познат лихвар, убиен пред неколку години.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ