Двајца маратонци од Македонија ги истрчаа шестте најголеми светски маратони

Ангел Арнаудов  од гевгелиското село Стојаково е еден од двајцата македонци кои ги имаат истрчано шестте најголеми маратони во светот. Тој и Атанас Наумов можат да се пофалат со истрчаните маратони во Лондон, Њу Jорк, Чикаго, Бостон, Берлин и Токио. Овие шест медали сведочат за успешно истрчаните маратони.  Бостон е местото каде што Ангел на 16-ти април годинава  ги заокружи шестте најголеми маратони во светот. Овој маратон тој го памети посебно пред се поради историскиот успех, но и поради лошите временски услови кои го следеле за време на целата трка.

Ангел по професија е програмер, а со трчањето започнал за време на неговиот работен престој во Соеднинетите Американски држави. Од тогаш, тој има истрчано преку 30 маратони и полу маратони  низ светот.

Бидејќи неодамна се врати од САД, но и поради  уморот од маратонот во Бостон, на денешниот скопски маратон тој трчаше 21 километар, но не го крие задоволството од трчањето дома.

Следните маратони на кои Ангел ќе трча се во Северна Кореја, на кинескиот ѕид и маратон во Јужна Африка кој се трча во џунгла.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ