Двајца македонски фудбалски менаџери под истрага во Белгија за местење натпревари и финансиски криминал

Двајца македонски државјани се осомничени дека учествувале во сомнителни финансиски трансакции повразни со фудбалери Белгија. Тие се откриени во меѓународна истрага на повеќе обвинителства околу наместени натпревари во белгиското првенство и лажирање на суми за исплата на плати на тренери и играчи. Според информациите на Телма двајцата осомничени македонски државјани се фудбалски менаџери, а едниот од нив е поренешен активен фудбалер. Засега нема информации дали тие учествувале во местење на натпревари или пак ги фалсификувале документите поврзани со финансиските детали на нивните клиенти.

Од Јавното обвинителство потврдија дека учествувале во истрагата која била координирана преку европската агенција „Еуроџаст“, но се воздржаа од дополнителни коментари и информации.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е вклучено во меѓународната истрага за која покажувате интерес и презема дејствија по барање на меѓународна правна помош. Во моментов не можеме да споделиме повеќе детали.

Според официјалните информации на белгиското обвинителство истрагата почнала минатата година кога биле пријавени неколку сомнителни трансакции и биле доставени за можни наместени натпревари. Под лупа на обвинителите биле десетина клубови од белгиската мега меѓу кои и трите најпознати, Стандард, Клуб Бриж и андерлехт.

Истрага, покрај Белгија и Македонија, се водела и во Србија, Црна Гора, Франција, Кипар и Луксембург.

Утрово уапсени биле тренерот на Клуб Бриж, Иван Леко, поранешниот директор на клубот Андерлехт, Херман Ван Холсбек, и двајца фудбалски судии.

Двајца Македонци беа вмешани и во местење на натпревари во Италија, аферата „ Калчополи“  која длабоко го потресе италијанскиот фудбал. Станува збор за Христијан Илиевски кој од италијанските власти беше посочен како еден од клучните луѓе во месетњето на натпревари и Раде Трајковски – Штекли познат на македонската јавност поради поврзаноста со убиството на скопшјанецот Мартин Јанушев. Илиевски самиот се предаде на италијанските власти а Трајковски беше упасен во Атина и потоа екстрадиран во Италија каде двајцата сведочеа во судскиот процес.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ