Двајца лекари се тестираат на Инфективна, присуствуле на семинар каде имало зборен од коронавирус

Попладнево ќе се знаат резулатите од тестови на двајца лекари од Македонија кои минатата недела биле на конгре воп Мадрид каде еден од предавачите бил заразен со корона вирусот. Тие допатувале во Македонија во саботата навечер, а според одговорите дадени на епидемиолошкиот тим вчера речиси и да немале контакти со други лица.

Досега се тестирани вкупно 13 лица, кај сите наодите беа негативни, а министерствфото има залиха од уште илјада тестови. Здравствената состојба скопјанката која е во изолација на инфективната клиника е подобра а според последните информации веќе нема покачена телесна температура. Петанесетината лица кои се во домашен карантин имаат редовни конаткти со епидемиолозите а МВР не пријавила никаков проблем или нарушување.

Министерот Филипче најави дека утре ќе биде потпишан тедерот за итна набавка на средства за дезинфекција вреден 3 милиони денари кои ќе бидат дистрибуирани до училиштата до крајот на оваа недела.  Поради недостатокот на метанол во аптеките тој препорача граѓаните да купуваат изоприл кој има иста ефикасност. Контролата на пазарниот инспекторат во петокот не открила неправилсности односно покачени цени во аптеките но испекторите се и денес на терен.

Министерот Филипче соопшти дека доколу нема промени во состојбата, односно не се реситрираат нови новители на коронавирус, нема да биде продолжена мерката однонсо препораката на Владата за одложување на јавните собири, манифестации и спортски натпревари.

Според официјалните информации на СЗО, во Европа има вкупно 2.156 заболени лица а во последното деноноќие во четири нови држави се регистрирани првите случаи на заразени. Најголем број на заразени има во Кина – 80 илјади, а потоа е Јужна Кореја бројката се искачи на 4,212. Во Европа, Италија е државата со најмногу зарзаени лица од коронавирусот – вкупно 1.694  но и 34 смртни случаи а потоа е Франција каде според надлежните има 130 заболени лица и два смртни случаи.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ