Двајца градоначалници дале изјави пред обвинител за случајот Рекет

Двајца градоначалници дале изјава за случајот Рекет. На општина Карпош Стефан Богоев и на Битола наташа Петровска. По телефонски повик биле на распит во обвинителството за организиран криминал и корупција. Вчера Богоев дал изјава пред обвинителката Вилма Русковска, а денеска како сведок во обвинителството била и Петровска. Детали од обвинителството не откриваат но велат дека интензивно се работи на истрагата во која осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Според информациите на телма за следната недела и други градоначалници се повикани да дадат изјава но и бизнисмени.

Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија. Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек, соопштија од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Во меѓувреме се уште се вештачи вториот телефон кој го користела специјалната обвинителка Катица Јанева. Телефонот наводно беше изгубен во Белград, но по неколку денови беше пронајден кај сестрата на девојката на синот на Јанева.

За случајот рекет се осомничени сопственикот на 1 тв Боки 13 ка и бизнисменот Зоран Кичеец. Со истрагата се поврзува и Јанева која рече дека без да знае нејзиното име било злоупотребувано за изнудување пари од бизнисмени. Случајот го пријавил Орце Камчев, прво кај премиерот па во обвинителството. Тој е осомничен во случајот Империја кој го води токму специјалното обвинителство, а и СЈО и јавноста виде дека го добил пасошот назад кога телевизиските камери го уловија на финалето во ракомет  во Келн.  Сега и екс началникот на УБК Сашо Мијалков бара да му биде вратен пасошот кој е ист отака осомничен во Империја. Имал проблеми со хранопроводот па пасошот му треба за операција во Чешка.  Добил конзилијарно мислење од скопскиот клинички центар, одделот гастро дека тука таква сложена операција не може да се изведе. СЈО дало негативно мислење на ова, но скопскиот кривичен суд најверојатно во понеделник ќе ја донесе конечната одлука.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ