Двајца дипломати вратени на работа во МНР

Тројца дипломати вработени во Министерството за надворешни работи вечерта на 27 април биле во Собрание на „крвавиот четврток“. МНР ги избркало од работа, но со судска одлука двајца ов нив се вратени на работа.

Сега МНР ќе им ги исплати и сите неисплатени плати и придонеси. Од Министерството за надворешни работи за „Независен весник“ велат дека двајцата вработени се вратени со правосилна судска одлука, а постапката за третиот дипломат уште не е завршена.

Од Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција, кое го водеше случајот за упадот во Собранието, велат дека овие дипломати не учествувале во упадот, туку само биле присутни во Собранието, односно тие воопшто не се гонеле кривично.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека истрагата за организаторите на упадот во Собранието е завршена и дека денеска и утре четворицата осомничените ќе бидат сослушани. А еден од осомничените веќе дал изјава. Не знае зошто Интерпол сè уште не ја објавува меѓународна потерница за Никола Груевски, кој доби азил во Будимпешта.

Освен Груевски, во бегство е и поранешниот разузнавач Никола Бошковски. Поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески треба да дадат исказ во обвинителството, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, се бранел со молчење.

Обвинителството тврди дека има докази и за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, но него го спаси од притвор пратеничкиот имунитет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ