Два суда со две различни пресуди за еден ист предмет

Судскиот полицаец Владимир Литовски од Битола, ја тужи битолска Апелација каде што работи,  за  неисплатен надомест за работа во смени и за работа во време на неделен одмор. Основниот суд досудува во негова корист. Но,  по жалба на тужениот,  одлучува штипскиот  Апелационен  суд    и го  одбива барањето на Литовски за исплата на овие надоместоци. Пресудата е донесена во октомври, а само една година претходно за негов колега,  штипска Апелација  носи сосема спротивна пресуда

-Работата да е уште поапсурдна, никакви измени нема во законската регулатива. Законот е потполно истиот и тогаш и сега, и за периодот кога тужи колегата и кога јас тужам, вели Владимир Литовски,  судски полицаец во Апелационен суд – Битола.

Но, овој не е единствен пример за двојни аршини во македонските судови. Претходно за истите тужбени барања  голем број судски полицајци  добивале пресуди со кои им се одобрувале надоместоците за работа во смени и неделен одмор, но, во последната година пресудите се поинакви.

-Сега се прашувам дали судовите во цела Македонија тогаш суделе законски или пак сега  овие последните пресуди, како што е мојата,  каде што не следуваат тие надомсетоци се законска, вели Литовски

Владимир Литовски, кој  и претседател на Независниот синдикат на судската полиција на Македонија, вели дека за оваа негова пресуда поднел претставка до Судскиот совет, побарал ревизија на предметот и од Врховниот суд, а подготвен е правдата да ја бара и пред Судот за човекови права во Стразбур. 

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ