
Два случаи на Лишманиоза во Штип
Регистрирани се два нови случаи на лишманија во Штип. Причината е зголемениот број на заболени кучиња, кои оваа болест кај човекот ја пренесуваат преку мушички или комарци. Токму и источниот регион, кој е еден од најпогодените од наездата на комарци поради оризовите ниви полни со вода, бара заеднички спас од овие инсекти.
Градоначалниците размислуваат за заедничка акција, но за да се реализира оваа нивна идеја за оваа година е малку доцна, па секоја од општините сама ќе ја спроведе акцијата.
Проблемот со наездата од комарци тешко ќе се реши ако нема регионален пристап или не го преземе Владата. Штипскиот градоначалник вели дека градоначалниците од источниот регион ќе достават иницијатива за да акцијата ја преземе Владата.
Пред неколку години имаше обид општините од истокот заедно да се справуават со комарците, но наидоа со проблем во делот на плаќањето од страна на помалите општини, кои не си ги подмирија своите обврски.
Викторија Димитрова Јованова