Два силни земјотреси во Загреб, оштетени објекти и катедралата

Два земјотреси од 5,5 и 5 степени според Рихтеровата скала утрово го потресоа Загреб.  Нема податоци за жртви или повредени. Првиот се случил во 6 часот и 24 минути вториот во 7 часот и една минута  .   Нешто подоцна се склучил уште еден од 3,7 степени. Епицентарот е на седум километри од Загреб кај Кашина. Во градот има штети , особено на зградите во центарот на градот како и во близината на епицентарот  -јавува Ртл .хр .Граѓаните се на улиците уплашени да се вратат дома а полицијата ја одржува социјалната дистанца меѓу луѓето заради корона вирусот.  Врвот на загребската катедрала е скршен а уништени се и бројни автомобили.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ