Два месеца не работи мерната станица за квалитет на воздух во Битола

Битолчани во последнити 2 месеца не знаат колкаво е аерозагадувањето во  централното градско подрачје, затоа што од 20 септември годинава  не работи мерната станица  Битола2.  На последната седница советниците во општинскиот Совет, ја задолжија  градоначалничката да побара од Министерството за животна средина да ја стави во функција оваа мерна станица,а  од Општината велат дека постапката е во тек.

-Одржувањето на мерната станица и нејзиното функционирање се во надлежноста на Министерството за животна срдина. Локалната самоуправа издаде барање до инспекторот за животна срддна да испрати допис до Министерсвото и да се иницира акцелерирање, односно санирање на мерната станица, рече градоначалничката Наташа Петровска.  

Другата мерна станица, лоцирана  во индустрискиот дел на градот,  на 12 километри од РЕК Битола, покажува зголемено аерозагадување,  посебно во вечерните часови, а  досега се регистрирани  62 денови со концентрации на ПМ10  честичките над граничните вредности, наспроти доволените 35 дена во текот на годината. Од ЕЛЕМ уверуваат дека интензивно работата на еколошки проекти, а се очекува РЕК Битола наскоро да ја добие и интегрираната еколошка дозвола.

-Веќе во завршна фаза е изработка на системот за водено отпепелување во РЕК Битола, а во наредна година предвидено е да се реализира проектот за електростатитските филтри во РЕК Битола. По завршува на таа фаза следи и проектот за десулфуризација, кој е согласно А интегрираната дозвола која е во подготовка и очекуваме во наредниот период да биде издадена, изјави Драган Миновски, генерален директор на ЕЛЕМ.

Битола во изминатите години, посебно во зимските месеци, континурано има висока аерозагаденост,  а како најголеми загадувачи покрај индустријата, се идентификувани сообраќајот, домаќинствата и институциите кои се затоплуваат на дрва и мазут. Во очекување на проектот за гасификација на градот кој го најавуваат централната и локалната власт, битолчани најверојатно и во нардниот период ќе дишат загаден воздух.

 

Емилија Мисириевски

 

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ