Дури после изборите Богоевски ќе открива кои политичари се вмешани во 7,5 милиона евра тешкиот скандал за митото за Телеком

Празно остана столчето наменето за сведокот Слободан Богоевски, екс разузнавачот кој требаше да ги раскаже своите сознанија за големиот скандал со мито од Маѓар Телеком за македонск политичари. Но утринава го известил судот дека има состанок во владата во врска со реформите во правосудството и дека нема да дојде да сведочи. Богоевски пред американските истражни органи сведочеше дека македонски политичари Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери се страните А и Б преку кои Маѓар Телеком се обидел да спречи отварање на телекомуникацискиот пазар за трет оператор како и пробој на косовскиот пазар. После сведочењето Дојче Телеком се спогоди со американските институции. Ахмети и Џафери го тужеа Богоевски за клевета. Колку поранешниот разузнавач ќе каже од она што го открил на американците ќе се знае дури после изборите. На првото наредно рочиште на 24-ти април се планирани други сведоци и нема место за него, а потоа наредното е на 8-ми мај, три дена по евентауланиот втор круг. Случајот Телеком кој датира од 2005-та и порано поради звучните имиња кои се спомнати во него,  се актуелизираше како по правило или пред избори или во клучните моменти кога се создаваа постизборни коалиции. СЈО го презеде случајот, а на последното рочиште покажа документи добиени од американската истрага- протокол за соработка со потписи на екс министерот Џемаил Мехази и екс премиерот Владо Бучковски, како и нон пејпер во кој се спомнати 7 и пол милиони евра кои треба да се исплатат. Таму се спомнати страна А и страна Б, односно Владо Бучковски и пријателите од Тетово А.А. и М.Џ. Сега одбраната на обвинетите Унгарци бара да сведочи Бучковски пред судот.

Бучковски во епилогот по минатото рочиште го обвини СЈО за удбашки методи и однапред најави тужба за клевета против Богоевски. Инаку СЈО обвинува тројца поранешни директори на Маѓар Телеком, сите од странство дека ги извелкувале парите од добивката преку фиктивни консутански услуги, случај кој го откри првиот свиркач во Македонија Симе Груевски, кој денеска дојде да види како се осдвива судењето.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ