
Дури 60 % се на кислородна поддршка во ГОБ „8-ми септември“, а секојдневно доаѓаат по 15 новозаразени
Забрзано се полнат капацитетите во 8ми септември. Цела недела клиниката прима по 15 пациенти дневно со влошена здравствена состојба од корона вирусот. За уште десет со кои биле донесени со симптоми на КОВИД 19 се чека резултат. Повеќето од пациентите , вирусот ги стави на кислородна маска.
Напливот на КОВИД позитивни , отвори нови две нови одделенија во болницата. Каде што има централен довод и на пациентите ќе може да им се даде кислород кој им енеопходен, додава Костов.
Пациентите кои лежеа во 8ми септември , а боледуваат од други болести , со два негативни бриса се префлени на во др скопски болници. Вчера 5 луѓе кои со пневмонија биле однесени во Инстиутот за белодрогни заболувања и ТБЦ. Еден од одделнијата кои ќе се испразнат е и центарот за дијализа . поациентите ќе мораат да прават дијализа на др скопски центри. Од здуженијето Нефрон велат дека се исплашени за своето здсравје .
Полна е и Инфективна. 97 пациенти се хоспитализирана. 43 од нив на кислород , во последните 24 часа пак на болеста и подлегна 80 годишен човек. Се спрема и монтажанта болница за прием на пациенти.
Слична е ситуацијата и во Куманово од 18 легла сите се исполнети. Директорката на Болницата Захариева вели дека , се приморани нда ги праќаат пациентите во Скопје, или да чекаат веќе примените да оздрават.
Нема место ни во Битолската болница која служеше како регионален ковид центар. Таму од 33 места, останати слободни се само 8. Поради тоа се спрема болницата во Охрид.
Во Велес од вкупно 34 кревет на инфективното одделение исполнети се 13.
Во прилепската “Борка Талеска“ има 25 легла на инфективно и 8 хоспитализирани.
Во Штип и покрај новите кластери, се намалува бројот на луѓе кои лежат пво болница поради КОВИД. Денеска има само 16 пациенти во Штипската болница.
Во моментов во Македонија хоспитализирани се вкупно 318 луѓе.
Теодора Цветковска