Дупла среќа за баџанакот на спикерот – не е во конфликт на интерес и ждрепката му се падна да биде заменик претседател на ДКСК

Во среќен ден- среда, со елан за работа, но и со жолти топчиња од киндер јајца. Новата антикорупциска комисија ја почна работата, прво со ждребка одлучија кој ќе биде заменик на претседателката Билјана Ивановска. Добитното топче го извлече Нури Бајрами. Баџанакот на спикерот Талат Џафери.

Доста од ова шоу во два наврати Нури Бајрами така ја опиша целиот медиумски интерес за неговиот избор и сватовтсвото со спикерот. А целата таа приказна доби и институционален печат откако антикорупционерите го разгледале случајот како можен конфликт на интереси и утврдиле дека нема и дека баџанак не е блиска врска според законот.

Бајрами иако само заменик сепак беше главна кадровска тема за новинарскиот интерес. Тој на крај со подолг мотивациски говор како одговор на новинарско прашање појасни дека навистина комисијата за селекција немала доволно време да ги истражи сите кандидати и да ги открие сите детали за новите членови на антикорупциска.

Иако се повикуваат на законите, функционерите кога одлучуваат мора да применат и етика, оцени еден од членовите.

Откако кадровски се екипираа, антикорупционерите и се пожалија на тесниот простор за успешна битка со функционерските аномалии, како и со прецизни законски решенија кои ќе ги ограничат политичките кривини со корупцијата. Еден од првите залаци ќе им биде разгледувањето на серијата роднинско-функционерски вработувања во државно, а најверојатно ќе почнат со ЕЛЕМ. И ДКСК се плаши младите и успешни роднини на функционерите, да не избегаат од државата ако не добијат државна плата.

Најавија дека ќе ги разгледаат сите претставки, но и сите скандали како например оној со субвенциите на Фондот за инвестиции. Посакуваат успех во работата и сега пред изборите порачаа државните институции да не ги прашуваат дали нешто е дозволено или не во предизборен период туку нивните правници да си го прочитаат законот.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ