
Дуковски: И осудениците се граѓани и мораат да бидат еднакви
Речиси 800 затвореници деновиве излегуваат на слобода. Адвокатот Сашо Дуковски го оспори законот за аменстија пред Уставен суд. Тој вечерва во Топ Тема на Ваша страна рече дека тоа го сторил од причина што и осудениците се граѓани и мораат да бидат еднакви.
„Не можете дел од осудениците да ги тргнете од право на амнестија… Сите ние сме пред се луѓе, можеби јас искрено, за некое кривично дело имам свое мислење, но основата на една модерна демократска држава е владеењето на правото – никој не може да биде над или под законот“, вели Дуковски.
Притоа тој наведе примери на слични закони за амнестија во други држави, но со кои биле опфатени сите оние коииздржуваат затворкс акзана, без оглед на делото, како на пример во Словенија, каде на сите затвореници им била намалена казната за една четвртина.
„Кривичните дела против државата не се опфатени со амнестијата, а за самото кривично дело тероризам може да се бара амнестија – нема логика и постои нееднаквост“, вели Дуковски.
За Ване Цветанов од Здружението за истражување, анализи и развој Зелена Лупа смета можеби палетата на кривични дела кои ќе беа опфатени со амнестија ќе беше поголема доколку, како што рече, некој не направел политички пазар. Тој ја поддржува иницијативата на Дуковски за преиспитување на уставноста на овој закон.
Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ, на обвинувањата кои деновиве стигнаа од затвореници дека во затворите има корупција поврана со случаитена амнестија рече дека до нив се уште немало такви пријави, со барање затворениците да ги пријават. Тој нагласи дека со прекувремена работа на сите служби во затворите, успеале во еден да ги разнесеме сите поединечни барања до судовите за амнестираните, за ниедно од тие лица да не биде оштетено.
Стојановиќ во Топ тема на Ваша страна ја објасни практичната природа на Законот за амнестија.
„Затворите нема да престаната да постојат. Со ова добиваме време од околу три месеци да ги подобриме условите и да заштедиме пари“, изјави Стојановиќ.
Тој информираше дека на упразнетите места ќе дојдат нови затвореници. Поточно 4.000 лица имаат правосилни затворски пресуди, а немаат каде да ја издржат казната.