
Дука: соработката со армијата,полицијата и другите институции е одлична
Локалната самоуправа на општина Дебар, во која е прогласена кризна состојба повеќе од две недели оцени дека соработката со полицијата и армијата на нашава земја е одлична. Исто така и соработката со другите институции кои делуваат во општината функционра мошне добро.
Градоначалникот на општината Дебар Хекуран Дука кој го раководи и општинскиот оперативен штаб денеска истакна дека соработката функционира одлично и како таква дава резултати. Тој додаде дека полицијата ги остварува мошне добро своите надлежности како за полицискиот час така и на пунктовите и градот, додека пак армијата патролира на границата со Албанија и до сега нема проблеми на границата.
Во текот на последните 24 часа информираше Дука реализирано е испракање од општината по дибените дозволи, на 9 мина дебарчани за Германија каде се на печалба. Тој исто така рече дека општинската органзиацвија на црвениот крст со своте волонтери реализра хуманиатрна акција за купување и доставување по претходно барање на стари и изнемоштени лица во градот и селата со прехранбени артикли и хекови.
Исто така најавено е распределување на поголема помош во храна и хигиенски средства на сите семејства во социјален ризик. Во градот пристигнува хуманитарна помош од организации и иселеници, а распределбата ќе се врши во претходна консултација со центарот за социјали работи.
Кенан Мимидиноски