Дука: Поради карантинот дебарскиот бизнис трпи штети

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука денеска изјави дека  општиниот  кризен  штаб  ја разгледал состојбата со загубите кај дебарскиот бизнис, бидејки штетите се големи. Особено големи штети трпи бањскиот тузизам но и сите други стопански сектори. ,, Дебар беше во карантин заедно со општината Центар Жупа, така што загубите во стопанството во Дебар се многу поголеми во споредба со загубите  во другите општини,, рече градоначалникот на Дебар и додаде дека по анализата и утврдување на висината на загубите , ке се упати барање до Владата за помагање на дебарскиот бизнс.

Градоначалникот  Дука кој вoедно е и прв човек на кризниот општински штаб денеска изјави дека во Дебар повеке од три недели нема болни од Коронавирус, но сепак населението треба да внимава да не донесеме некој вирус од соседните општините, како што се Струга, МаВРОВО –Рпостуше и Гостивар каде што има нови болни од вирусот Ковид 19.  Според него  изминатите денови ниту во боилницата во Дебар не е пријавен ниту еден граѓанин со симтоми кои ги има вирусот Ковид 19. Тој упати апел до населението строго да ги почитува мерките на владата се со цел  да не се потикне повоторно појава на вирусот во Дебар и регионот .

Безбедностната состојба во Дебар градоначалникот ја оцени како мошне добра и притоа побара од  градежните компании кои градат колективни станбени згради да внимаваат на заштитата на животната средина .

И во општина Центар Жупа  состојбата е смирена со Коронавирусот, но во општината  Маврово –Ростуше регистриран е првиот пациент  билен од овој вирус кој се лекува во Гостиварската болница .

Кенан Мимидиноски

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ