
Дука: Епидемиолошката состојба во Дебар останува стабилна
Епидемиолошката состојба во оваа општина Дебар продолжува да е стабилна , бидејки повеке од еден месец во општина нема заболени од Коронавирус . Оваа оценка денеска ја соопшти дебарскиот градоначалник Хекуран Дука по средбата што ја имаше општинскиот кризен штаб . Драдоначалникот потоа информираше дека од денеска во домашна изолација се 14 дебарчани кои претходно беа во државен карантин во Струга по нивното доаѓање од други земји. Тие се во добра состојба и се работи само за почитуваме на владината мерка, излолација нагласи Дука.
Како проблем во овој момент на пандемија се јавува проблемот со водоснабдувањето на градот . Имено првиот човек на Дебар соопшти дека ЈКП Стандард, кој управува во водоводот Росоки – Дебар поради зголемена потрочувачка на вода и злоупотреба на истата за наводнување на зелени површини , започна со рестрикции на вода и тоа по 4 часа на ден од 13 до 17 часот.
,,Ние правема напори како општина да го решиме овој проблем кој се јавува секоја година . Се работи на проект со кој се верува дека ке се надмине проблемот со недостигот на вода во летниот период,, истакна Дука . Се очекува изградба на нов резервар , бидејки актуелниот не одговара на потребите.
На прес конференцијата Дука информираше дека во градот продолжува да пристигнува хуманитарна помош која потоа се распределува од страна на невладниот сњекктор во кординација со локалната самоуправа. Дука исто така соопшти дека новите владини мерки треба целосно да се почитуваат од населението бидејки тие мерки се во интерес на нивното здравје.
Кенан Мимидиноски