
ДУИ во изборната програма ќе предложи двостепена проверка на судиите на сите нивоа
Отворените пораки од Европската Унија дека сега не е време за проверка на судиите, ДУИ не отстапуваат од оваа идеја. Тоа ќе се најде во нивната изборна програма, а предлагаат и закон, со кој би се правела двостепена проверка на сите нивоа.
Со првостепената би се проверувал интегритетот на јавните функционери, а ако се утврди дека нешто не е во ред, ќе се оди на следна проверка. Експертите кои денеска ги консултираа, ја поддржуваат идејата и покрај лошото искуство во Албанија.