ДУИ сакаат да се прашуваат за се

ДУИ сакаат Албанците да се прашуваат за се` во државата. Ниту една важна одлука да не може да помине без одобрение од албанската страна.

Барањето  ќе се најде во нивната предизборна програма под името консензуална интеграција и ќе се однесува на сите нивоа, на развојните, економските, буџетските, како и надворешно-политичките работи.

Експертите одат и чекор понатаму изедначувајќи го овој принцип со право на вето.

Како една од придобивките на овој принцип, беше наведен и фактот што буџетот исто така не може да помине без договор со албанскиот партнер во власта.

За пример беше посочена и последната ситуација со забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците и одбивањето на ДУИ, тие да се вметнат.  

Не се исклучува можноста, идејата за консензуалност на сите нивоа да ја преточат и во закон.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ