ДУИ : Разрешувањето на Зибери од директорската фукција на ЦЈЗ е дискриминација, политичка одмазда и задирање во семејните врски

Срамен чин на политичка одмазда од СДСМ , напад врз слободата на изразување, дискриминација, со која треба да се позанимава Комисијата за антидискриминација и задирање во семејните врски. Со овие зборови од партијата ДУИ го коментираа разрешувањето на Арбен Зибери, од директорката фукција во Центарот за јавно здравје, поради искажан став на Фејсбук дека придонел да се укинат мерките за враќање на печалбарите Албанци, за да гласаат на престојните парламентарни избори. Од ДУИ потенцираа дека причината да разрешувањето на Арбен Зибери, е објавената кандидатура на неговиот чичко Насер Зибери.

Чичкото на Арбен, Насер Зибери, ја објави својата кандидатура за прв премиер Албанец на Северна Македонија, за да го оспори македонскиот дуопол на власта , со која се соочуваме во оваа земја. Допирањето на семејството на кандидатот од втората, најголема заедница во земјата, е нешто што потсетува на автократски режим и на мрачните времиња од нашата историја. Тоа е грубо и неприфатливо во модерната демократија. Тоа, исто така е и чин на дискриминација. Арбен не би бил отпуштен да беше Македонец, вели Адеми.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ