
ДУИ останува на ставот – ветинг е подобро решение од „метлата“
Демократската унија за интергација (ДУИ) останува на својот став дека ветингот е подобро решение од „метлата“ која ја најави премиерот Заев и дека тоа не е начин на кој функционира оваа партија.
Од ДУИ велат дека нивни правни тимови веќе почнале со изготвување на предлог закон за формирање на регулаторно тело кое ќе го врши ветингот и ги анализираат искуствата од државите каде ветингот е воспоставен како пракса.
Според Груби со ветингот би биле опфатени министри, пратеници, градоначалници, директори, државни секретари, обвинители и судии и не би бил ретроактивен односно нема да важи за веќе именуваните.
Целта спред него е подобрување на владеењето на правото и животот на граѓаните.
Од ДУИ сметаат дека предлог законот ќе има поддршка од сите партии.
Министерот Садула Дураку денеска изјави дека партијата и лидерот Ахмети ќе одлучат дали тој ќе биде опфатен со реконструкцијата и дали ќе го напушти сегашниот ресор и ќе застане на чело на министерството за политички систем кое допрва треба да се формира.
Прашан дали за смените одлучува премиерот или партискиот лидер тој ретерираше во ставот и кажа дека владата е коалициона и секоја одлука мора да биде договорена и одобрена од коалицијата а сите договорени одлуки потоа се носат во Парламентот.
Од ДУИ не открија дали предлогот за ветинг бил соопштен на вчерашната средба меѓу Заев и Ахмети и што евентуално било договорено.
Огнен Чанчаревиќ