
ДУИ не посакува предвремени избори
Вечерва во партиското седиште на ДУИ во Мала Речица заседава Централното претседателство. Највисокиот партиски орган расправа за новонастанатата политичка состојба по оддржувањето на референдумот.
Портапаролот на партијата Бујар Османи рече дека вонредните парламентарни избори не се паметно решение и повика на меѓупартиски и меѓуетничка обединување, алудирајќи на тоа да се гласа во Собранието за договорот од Преспа, со цел обезбедување на мир и стабилност во државата.
Османи најави дека на претседателството нема вечерва да се донесат конечни одлуки, односно седниците ќе продолжат и во наредните дена. За вечерашното заседавање, најавија партиско соопштение.