ДУИ ќе преговара со СДСМ, свои кандидат подготвуваат и други партии на Албаниците

ДУИ ќе го чека вечерашниот исход од седницата на централниот одбор на СДСМ и доколку се одлучи да се оди на предвремени парламентарни избори, тогаш тие ќе го почитуваат тоа без оглед на фактот што сметаат дека во овој момент приоритет на државата треба да бидат реформите и завршување на процесот на отпочнување преговори со ЕУ.

Османи не открива кои имиња на канидати за претседател се прифатливи за партијата. Во јавноста како можни предлози на ДУИ се споменуваат Лазар Еленовски, Денко Малески, Луан Старова и Владо Попоски. Во текот на наредните денови ќе ги интензивираат преговорите со СДСМ околу наоѓањето канидат кој ќе ги надмине партиските и етничките линии.

За претседателските избори се подготвуваат и опозициските партии на Албанците. Алијансата на Албанците и БЕСА на Касами не ја исклучуваат можноста да настапат со заеднички кандидат. Зијадин Села нема да се кандидира за претседател.

Опозициските партии на Албанците бараат заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори. Убедени се дека ќе постигнат подобри изборни резултати. И крилото на БЕСА на Гаши се подготвува за избори но се уште нема донесено конечна одлука длаи ќе настапи со свој кандидат или пак ќе даде подршка на друг.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ