ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ против менување на изборниот модел

Изборниот модел не треба да се менува неколку месеци пред предвремените избори, порачуваат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Изборниот законик ќе се менува, но само во делот што подразбира вградување на препораките на ОБСЕ, ОДИХР и ЕУ. Текстот на законот неделава бил усогласен во Министерството за правда на состанокот меѓу релевантните партии со заинтересираните граѓански и меѓународни организации, објаснува Артан Груби, за кого вчерашната дебата на помалите партии за една изборна единица е само „неформална средба на ентузијасти“.

ВМРО-ДПМНЕ го претпочита мнозинскиот систем, но бара евентуалното менување на изборниот модел да се прави со консензус и да не биде непосредно пред избори.

СДСМ смета дека доколку мнозинството пратеници поддржува една изборна единица, изборниот модел може да биде изменет.

Вчера, по поддршката од Заев за една изборна единица, 15 пратеници од помалите партии најавија дека нема да гласаат за менување на Изборниот законик доколку не се смени и моделот. Најавуваат посебен предлог закон и нивно учество во меѓупартиските разговори.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ