ДУИ и ВМРО-ДМПНЕ со илјадници амандмани блокираат четири закони во Собранието

Илјадници доставени амандмани оневозможија во Комисијата за политички систем да се разгледаат измените на Изборниот законик.

         ВМРО ДПМНЕ достави  600 амандмани за предлогот за една изборна единица и уште 600 за предлогот за отворени листи, бидејќи се против менување на изборен модел два месеци пред распуштањето на Собранието.

Истовремено, ДУИ соопшти дека имаат пет илјади амандмани.

            СДСМ посочи дека дебатата за промена на изборниот модел е почната пред неколку месеци, кога немаше договор за предвремени избори. Ги повика и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите и да почнат дебата.

            Амандманите се поднесени претпладнево, откако синоќа беа ставени на дневен ред на собраниска седница. Се изненадија и предлагачите – 15 пратеници главно од помалите партии.

            Блокада им се заканува уште на два закони: ВМРО ДПМНЕ поднесе 950 амандмани на Законот за Академијата за судии и обвинители зашто го сметаат за антиреформски, како и четири илјади на Законот за јавно-обвинителска служба, кој треба да им обезбеди плати и покривање режиски трошоци на вработените во СЈО.      

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ