
ДУИ е против предвремени избори, СДСМ ќе одлучува
ДУИ е против распишување предвремени парламентарни избори кои евентуално би се одржале заедно со претседателските. Доколку има избори ние како партија би имале многу подобри резултати во споредба со 2016 година, но во овој момент најбитно е сите сили да бидат насочени кон реформите за да не се изгуби драгоцено време за евроинтегративните процеси, вели Бујар Османи.
Доколку најавискоите партиски тела донесат одлука за избори тогаш тие ќе се спроведат сопгласно Пржинскиот договор, односно ќе се формира техничка Влада 100 дена пред избори.
И Шекеринска останува на ставот што вчера го соопшти премиерот Заев, дека за СДСМ од политички аспект посакувано е да има избори, но тоа би значело и губење на три до шест месеци за нивна подготовка и спроведување, формирање нова влада, давање мандати. Со ова ќе се доведат во застој реформите што ќе биде аргументација на земјите членки да го одложат отпочнувањето на преговорите.
Јулијана Пешевска