
ДУИ бара поддршка од пратеничките групи за законот за проверка на идните функционери
Идните функционери ќе се проверуваат пред да стапат на функција, а не после, како досега, доколку биде прифатен предлог- законот на ДУИ, кој денеска го доставија до сите пратенички групи. Самите велат дека се работи за амбициозен проект, при што ќе треба да се формира и посебна Агенција за проверка, соатавена од пет лица, директот и заменик. Интересно е, што предлагаат, таа агенција да ги проверува и идните судии и обвинители, пред да бидат избрани, како и сите останати кандидати за функции, почнувајќи од тие за претседател на државата, преку пратениците, министрите, директорите, нивните заменици и членовите на управните одбори и агенции.
Од ДУИ очекуваат поддршка и предлози за подобрување на текстот на законот. Тие самите веќе двапати го менуваа, а веќе спроведоа проверка и во партијата. Сличен закон се подготвува и во МВР.
Далиборка Демјанска Цветановска