ДСЗИ ќе истражува во Куманово по веста дека градоначалникот е позитивен на Ковид-19

Дојдоа со маски и ракавици на нив, но ден подоцна дознаа дека биле на средба со петмина заразени со корона вирус. Настанот од пред два дена на кој присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот Арбер Адеми, доктор Жарко Караџовски, а подоцна им се приклучи и министерот Венко Филипче сега го истражува Државниот здравствен инспекторат.

Тие држеа прес пред полна сала со новинари и медиумски работници, по ова беа на состанок со кризниот штаб на Куманово, а по тоа дел од нив имаа и посета на болницата во Куманово. Но никој од посетителите не знаел дека домакините од  кризниот штаб чекал резултати од корона вирус.

Ден по тоа петмина од нив излегоа позитивни меѓу кои и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Ова отвори работа за инспекторатот кој денеска испрати комбинирани екипи за да откријат дали и кој потфрлил.

Според Владата нејзините преставници биле таму за да направат увид  но и да ги поддржат здравствените работници.

Владата на Република Северна Македонија на покана на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и општинскиот кризен штаб одлучи да биде дел од состанокот на кризниот штаб на највисоко ниво за да може директно да се запознае со ситуацијата, да добие брифинг од сите одговорни лица кои се задолжени за борба со коронавирусот и да носи одлуки кои се од најголема корист за населението. Прес конференцијата беше побарана и организирана од страна на локалните власти, а техничкиот тим од владата кој го следи премиерот даде инструкции по следниов протокол: најпрво дезинфекција на цел простор и говорницата, поставување на микрофони на говорница, замолување на камерманите да се позиционираат на безбедно растојание од 3 метри и сите да носат заштитна опрема

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вели дека од Владата побарале а не тој да присуствуваат на кризниот штаб на градот.

За сега не е утврдено кој требало да ги извести функционерите дека уште во неделата се земени брисови и се чекаат резултати за членовите на кризниот штаб.

Според микробилогот Никола Пановски протоколот за тоа кој се тестира е згрешен од старт, па поради тоа сега е тешко да се лоцира вината.

Министерот за здравство Венко Филипче во синоќешната изјава потврди дека тој не знаел дека се тестираат.

Вчера утрото стигнаа резултатите за членовите на кризниот штаб во Куманово. Поради тоа и Советот за безбедност кој се одржуваше кај претседателот Пендаровски беше преполовен. Сега се до тестирањето техничкиот премиер и останатите министри ќе бидат во само изолација.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ