Дрзок упад на кабелските оператори во програмата на петте национални телевизии

Кабелските оператори дрско упаднаа вечерва во програмата на петте национални телевизии Алсат м, Канал 5, Алфа. Сител и Телма прекинувајќи го емитувањето еден час. Веднаш реагираше Министерството за информатичко општество и администрација дека операторите  го прекршиле членот 115 од Законот за електронски комуникации, каде е предвидено дека операторите без согласност на корисниците можат да ги прекинат програмите заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки во мрежата. Со оглед на тоа што не се работи за прекин од вакви причини, посочува министерот Дамјан Манчевски, јасно е дека се работи за повреда на Законот.  Последиците за ова дело се дефинирани во членовите 182 и 186 од Законот за електронски комуникации. Во тие членови на кои се повикува министерот, е предвидена глоба од 20 000 евра за операторот и 30 отсто од казната за одговорното лице во компанијата. Во членот 186, пак, е предвидено дека покрај паричната следува и прекршочна санкција забрана на вршење на определена дејност во траење од шест месеци до три месеци.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ